Пожар беснее во источна Германија
Пожар беснее во Германија. Пожарникарите денеска втор ден се борат со огнот во националниот парк Саксонска Швајцарија во источна Германија, а пожарот во сојузната покраина Бранденбург е под контрола. Во гаснењето на пожарот се вклучени 275 пожарникари и осум хеликоптери.
Портпаролот на регионалниот совет на националниот парк Томас Кунзе изјавил дека вториот пожар се проширил од Чешка.
Во Саксонија се заострија правилата за влез на цивили во шумата, а регионалниот главен град Дрезден објави дека од денеска е во сила четвртиот степен на опасност од шумски пожари.
Четвртото ниво значи дека на цивилите им е забрането да ги напуштаат патиштата кога патуваат низ шумите.
Неодамна пожари имаше во Шпанија, Франција, Чешка, Словенија, Грција.
Слично
