Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВТОРНО ВО ШКОЛСКИТЕ КЛУПИ: Данска ги отвори училиштата

ПОВТОРНО ВО ШКОЛСКИТЕ КЛУПИ: Данска ги отвори училиштата

Данската влада од денеска ги отвори вратите на училиштата. Децата до 11 години, односно до петто одделение од денеска повторно седнуваат во школските клупи. И за најмладите се отворени вратите на градинките. Ова се дел од мерките кои Данска одлучи да ги релаксира.

-Бројот на хоспитализирани пациенти се намалува, а истот така и бројот на новозаразени, изјави премиерката Мете Фредериксен.

Таа додава дека ова е само прв чекор на ублажување на рестрикциите во Данска, нагласувајќи дека и понатаму ќе останат затворени рестораните, кафулињата и фризерските салони. Во Данска починаа 299 луѓе, а во изминативе две недели бројот на хоспитализирани пациенти е во константно опаѓање.


Слично

Поврзани вести