Повторно во функција железничкиот сообраќај меѓу Париз и Лондон
Линијата на брзиот воз, која го поврзува Париз со главните градови на Велика Британија и Белгија денеска повторно функцонира, откако беше во прекин поради снегот, кој создаде проблеми во повеќе држави во севрозападна Европа.
Француската железница СНЦФ соопшти дека возовите на „Евростар“, кои сообраќаат од Париз до Лондон и возовите на „Талис“, кои ја поврзуваат француската прстолнина со Брисел повторно сообраќаат од седум часот изутринава, откако вчера беа во прекин поради обилниот снег.
Железничкиот сообраќај е обновен и меѓу Париз и регионалните центри Амијен, Руан и Кан.
- СНЦФ смести во хотелите во близина на железничката станица повеќе од илјада патници, како и во спалните коли, соопшти франуската железница.
Во изминатите 24 часа на чистење на снегот од железничките шини работеле повеќе од десет илјади работници на железницата.
Сообраќајот беше прекинат вчера по снежната бура во северозападна Европа, која предизвика сообраќаен хаос на аеродромите и патиштата.
Франција е најпогодена, а проблеми имаше и во Белгија, Велика Британија, Германија и Холандија
