Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно сексуално насилство, овој пат на фестивал во Берлин

Повторно сексуално насилство, овој пат на фестивал во Берлин

Најмалку осум жени се жртви на сексуално насилство за време на овогодинешниот карневал на културите во Берлин, објавија светските агенции.

Германците се особено чувствителни на темата, откако стотици жени беа нападнати на Бадник во Келн. Според регионалниот весник Der Donaukurier, полицијата издаде налог за апсење на 8 лица. За време на фестивалот две девојки на 14 и 17 години танцувале близу до сцената, а до нив се приближиле група мажи кои ги опколиле и почнале да ги задеваат. Млад човек на 27 години видел дека девојките немаат можност да избегаат и се јавил во полиција.

Од локалната полиција на сајтот на „Твитер" објавија дека двајца од уапсените се со турско потекло, а за еден нема информации. Меѓу другите осомничени имало и Тунижани, Мароканци, еден Алжирец и еден Либиец. Сите тие се со странско етничко потекло, но се германски државјани, а не мигранти.

Вкупно осум жени се пожалиле дека мажи ги нападнале и ги допирале по телото. Сторителите и се познати на полицијата.

Слично

Поврзани вести