Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно се рушат рекорди на Вол Стрит

Повторно се рушат рекорди на Вол Стрит
Главните американски индекси денеска растеа, со помош на позитивниот извештај за бројот на невработени во САД, соопшти „CNBC“. „Dow Jones“, сепак скокна над 14 300 поени, постигнувајќи ново рекордно ниво раст од 0,33% односно рипна до 14 343,39 поени. Акциите на „Boeing“, поскапеа за 3,3% до 81,68 долари, со што достигнаа највисокото ниво од јуни 2008 година, додека американската Федерална агенција за воздухопловство се очекува да одобри тест летови на моделот „787 Dreamliner“како тест за новите акумулатори.Акциите на „Bank of America“, пак пораснаа за 1,9% до 12,15 долари. „Standard & Poor's 500“ има раст за 0,14% до 1 543,57 поени, а повеќето подсекторите се во плус на чело со компаниите за производство на материјали и финансиските компании. „Nasdaq Composite“ растеше со минимални 0,08% до 3 225,10 поени.
Слично

Поврзани вести