Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВТОРНО ПРОМЕНИ НА КАРТАТА НА ЕВРОПА: Прага е портокалова, Монако ќе стане црвен, сè помалку слободни зони за влез на туристите

ПОВТОРНО ПРОМЕНИ НА КАРТАТА НА ЕВРОПА: Прага е портокалова, Монако ќе стане црвен, сè помалку слободни зони за влез на туристите

Според последното ажурирање на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), европската мапа за влез на туристите поворно се менува. Големи делови на Франција, Грција и цела Ирска ја сменија бојата и сега се портокалови зони.

Во Франција, регионите кои ќе се променат ќе бидат: Долна Нормандија, Горна Нормандија, Норд-Па-де-Кале, Пикардија, Алзас, Шампањ-Арден, Лорен, Лоара, Бретања, Аквитанија, Лимузен, Поату-Шарант, Оверн и Рона-Алпи.

Јужна Корзика вклучи црвен аларм од минатата среда, како и прекуморскиот дел на Гваделупе на Карибите. Монако исто така ќе биде во црвено од среда.

Грчките острови во Северен Егеј, централна Македонија и централна Грција,исто така ја менуваат бојата што значи дека речиси целата земја е портокалова. Атика и Крит остануваат црвени, додека островите во Јужен Егеј, Епир, Тесалија и Јонските Острови исто така ќе станат црвени.

Неколку региони во Италија исто така се менуваат од зелена во портокалова боја на мапата на ЕЦДЦ. Италијанските региони Сицилија, Сардинија, Венето и Лацио стануваат портокалови. Ватикан е исто така портокалов.

Во Чешка, Прага е портокалова. Северозападна Швајцарија и источна Швајцарија се менуваат од зелена во портокалова.

Ирска во моментов е цела портокалова, но северните, западните, јужните, источните и централните региони ќе станат црвени од среда. Шведскиот главен град Стокхолм станува портокалов. ЕЦДЦ признава дека делта мутацијата на ковид-19 е доминантна во повеќето од 28-те земји кои пријавиле доволно целосни информации за генетско секвенционирање. Од 19 земји, просечното учество покажува дека делта сојот е застапен 68,3 отсто, пред досега доминантната алфа варијанта – 22,3 отсто во регионот.


Слично

Поврзани вести