Повторно пламнаа борби крај Доњецк
Жестоки борби со користење на тешко вооружување пламнаа повторно во Доњецката област. Тоа се најсериозните борбени дејствија од договорот за примирје, постигнат во февруари во Минск.
Борбите се водат околу Мариинка и Красногоровка - градови западно од Доњецк, кои се под контрола на силите на Киев.
Двете страни во конфликтот се обвинија меѓусебно за тоа кој ги започнл борбите. Бунтовниците презедоа "силна офанзива против украинските позиции" во близина на Доњецк во 4,00 часот наутро, со учество на околу десетина тенкови и до 1000 борци, соопшти Генералштабот во Киев.
Од самопрогласената Доњецка народна република (ДНР) ги нарекоа овие тврдења "провокација". Според ДНР украинската армија го започнала бомбардирањето по целата линија на контакт.
Министерот за одбрана на ДНР Владимир Кононов истакна дека овие акции на Киев биле "претходно планирани" и имаат за цел "колапс на договорот од Минск".
Има информации за еден загинат цивил и 6 повредени граѓани, како и за најмалку 11 повредени украински војници.
Слично
