Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно нападната џамија во Шведска

Повторно нападната џамија во Шведска
Шведската полиција од денеска трага по уште еден осомничен кој се терети за подметнување пожар по трет пат во џамија во рок од само една недела. „Некој фрлил молотови коктели врз зградата“, истакнал портпаролот на локалната полиција за тамошните медиуми, додавајќи дека за среќа, џамијата сепак не била запалена. Торстен Хемлин исто така навел дека на ѕидовите биле испишани и „некои вулгарни расистички пароли“ и дека во џамијата во моментот на нападот немало никој. Полицијата во Упсали, четврт по големина град во Шведска, била алармирана од случаен минувач кој наводно видел човек како фрла запален предмет врз џамијата околу 4 часот и 30 минути во раните утрински часови. „Ова кривично дело е оквалификувано како обид за подметнување пожар, вандализам и поттикнување омраза“, се наведува во соопштението на полицијата. Денешниот напад се случил по само три дена откако и претходно изби пожар во џамија во Еслоев, на југот од Шведска, за кој полицијата исто така се сомнева дека е подметнат, додека за време на католичкиот Божиќ пет лица беа повредени откако молотов коктел бил фрлен низ прозорот на една џамија во Ескилстун, источно од Стокхолм.    
Слично

Поврзани вести