Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВТОРНО НАПАД ВО КАШМИР: Најмалку пет цивили загинаа, меѓу нив и двегодишно девојче

ПОВТОРНО НАПАД ВО КАШМИР: Најмалку пет цивили загинаа, меѓу нив и двегодишно девојче

Најмалку пет цивили загинаа во индиски напад во Кашмир. 

Локалните полициски власти информираа дека меѓу загинатите има и двегодишно девојче. Јавноста во Пакистан е гневна поради ова. 

Полицаец од градот Котли, каде што се случиле некои од најжестоките напади, изјави дека индиските сили пукале без провокација, погодувајќи домови и училишта во близина на линијата на контрола – спорна граница што го дели Кашмир меѓу Индија и Пакистан.

Освен петтемина убиени, најмалку уште 12 лица се повредени, од кои некои се наоѓаат во критична состојба. Медицинските тимови и службите за итна помош имаат тешкотии при пристапот до погодените области поради континуираната артилериска размена и оштетената инфраструктура.

Потоа пакистанската армија изврши контранапад, напаѓајќи три индиски армиски позиции долж линијата на контрола. Во соопштението на пакистанската војска се вели дека нивната реакција била „неопходна и пропорционална“. 

Инаку, откако неодамна пакистански групи извршија напад во Кашмир и убија туристи, двете земји меѓусебно се напаѓаат. 

Кризата во Кашмир датира од 1947 година, кога Велика Британија се повлече од регионот без да го реши статусот на областите таму, а Индија и Пакистан станаа независни по повлекувањето на британската колонијална власт.

Во 1947 година, Пакистан и Индија влегоа во првата војна за Кашмир. Поради истата причина, двете држави повторно влегоа во војна во 1965 и 1999 година. Индија контролира околу 45 отсто од Кашмир, Пакистан околу 35 отсто, а Кина 20 отсто.

Слично

Поврзани вести