Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВТОРНО НА УДАР ЌЕРКИТЕ НА ПУТИН И ЛАВРОВ: Австралија воведе санкции против 147 руски државјани

ПОВТОРНО НА УДАР ЌЕРКИТЕ НА ПУТИН И ЛАВРОВ: Австралија воведе санкции против 147 руски државјани

Австралиската влада воведе санкции против 147 руски државјани поради војната во Украина, меѓу кои и двете ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, како и на ќерката на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Санкциите се однесуваат и на 144 членки на Советот на Руската Федерација, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Австралија, пренесува ТАСС.

Како што се наведува, меѓу лицата опфатени со санкциите, освен имињата на ќерките на Путин, кои и претходно беа ставени на листата на санкции, сега била спомената и Екатерина Винокурова, ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

ФОТО: EPA/SEAN GALLUP / POOL

Слично

Поврзани вести