ПОВТОРНО ХАОС ВО СУЕЦКИОТ КАНАЛ: Огромен танкер со нафта се насука и целосно го блокираше сообраќајот
Поморскиот сообраќај е прекинат во Суецкиот канал, каде се насукал огромен танкер со нафта, а на негово „ослободување“ работат шлепери.
Како што пренесува Дејли Мејл, повикувајќи се на локални извори, танкерот „Афинити В“ долг 252 метри го блокирал сообраќајот низ каналот. Друг извор, извор од канцеларијата на Суецкиот канал и локалните медиуми, објавија дека бродот бил откачен по неколку часа и сообраќајот е обновен.
Бродот изгубил контрола додека минувал низ каналот долг 193 километри, кој ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море и е кратенка меѓу Азија и Европа.
Ship has run aground in the Suez Canal. Navigation stops in Egypt's suez canal after ship runs aground in the middle of it, the Ship Affinity V, a 252-meter (826~feet) long oil tanker, is currently stranded in the Suez Canal. Maritime traffic halted, local media confirms pic.twitter.com/2oIiFbGKlg
— Franco Loperfido (@LoperfidoFranco) August 31, 2022
„Привремено го блокираше сообраќајот и сега повторно се движи кон југ, но оди полека и со помош на два влекачи“, според TankerTrackers, компанија која го следи движењето на танкери ширум светот.
Инцидентот доаѓа 18 месеци откако бродот Ever Given се насука шест дена во каналот, предизвикувајќи хаос во снабдувањето низ целиот свет. Во март минатата година, товарен брод долг 400 метри се заглави во каналот, кој беше исфрлен на брегот од силните ветрови.
Светската трговија беше нарушена бидејќи стотици бродови не беа во можност да пловат на една од најпрометните и најважните морски патишта во светот.
Фото: Твитер
