Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно експлозија во Истанбул, најмалку четворица повредени

Повторно експлозија во Истанбул, најмалку четворица повредени

Најмалку четири луѓе се повредени доцна синоќа при експлозија во Истанбул, пишува турскиот весник „Милиет“.

Експлозивната направа била поставена под мост во истанбулскиот кварт Малтепе, односно азискиот дел на градот. Повредени се двајца луѓе кои биле во автомобил и уште двајца кои чекале такси на оваа локација. Тие се пренесени во болница и ниту еден од нив не се наоѓа во критична состојба. Безбедносните сили го блокирале мостот за движење веднаш по силната експлозија.
Од силната детонација се оштетени неколку автомобили. Полицијата покрена истрага за случајот.
Слично

Поврзани вести