Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно борби во Јемен

Повторно борби во Јемен

Најмалку 50 лица беа убиени во последните 24 часа во Јужен Јемен при судири меѓу приврзаници и противници на претседателот Абд Рабу Мансур Хади.

Ескалацијата на тензиите во земјата продолжува и денеска.

Воениот конфликт во Јемен принуди околу 150 000 луѓе да ги напуштат своите домови. Досега загинале околу 760 лица. Ова се вели во извештајот на ОН.

Храмови, училишта, болници, патишта и мостови биле уништени од воздушните напади на позициите на бунтовниците хуси. Многу луѓе немаат пристап до вода, електрична енергија и стоки за нивна потреба.

Предводена од Саудиска Арабија коалицијата ја започна својата операција против бунтовниците и го обвини Иран дека ги поддржува.

Хусите кои припаѓаат на шиитското крило на исламот, продолжуваат да заземат територии.

Слично

Поврзани вести