Повредени украински војници на лекување во Јапонија
Јапонија објави дека е подготвена да прими и да лекува повредени украински војници во воената болница во Токио.
Ова денеска го изјави денеска висок член на јапонската владејачка коалиција, како дел од поддршка за Украина поради руската инвазија.
За прв пат во историјата, Централната болница на одбранбените сили ќе лекува странски војници, изјави претставник, кој сакаше да остане анонимен, бидејќи договорот се уште не е објавен.
Во текот на денов ќе претстои состанок меѓу јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада и украинскиот амбасадор во Јапонија Сергиј Корсунски на кој ќе се разговара за таа тема.
Најголемиот дел од трошоците најверојатно ќе ги сноси јапонската страна.
Слично
