Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повредени 50 демонстранти на протест во Барселона

Повредени 50 демонстранти на протест во Барселона

Вчера на улиците на Барселона беше одржан протест за апсењето на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон во Германија.

Протестот на кој беа излезени околу 50.000 луѓе прерасна во немир кога  демонстрантите започнаа да фрлаа со шишиња, јајца, метални предмети и отпад кон полицијата. Силите за одржување на редот испукаа предупредувачки истрели и употребија палки против насобраните. Протестниот марш се одржа од претставништвото на Европската комисија до германскиот Конзулат.

Во немирите беа повредени повеќе од 50 лица, меѓу кои и осуммина полицајци, а четворица демонстранти се уапсени.

Поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон беше уапсен во Германија на границата меѓу Германија и Данска. Тој бил задржан кога со автомобил ја минувал границата, потврди неговиот адвокат. Се враќал од Финска, каде престојуваше минатата недела на покана на фински пратеник. Според тој пратеник, Пуџдемон во петокот ја напуштил Финска во правец на Белгија на „неутврден начин“. Финската полиција вчера информираше дека примила налог од Шпанија за негово апсење, но одговори дека не знае каде тој се наоѓа.

Пуџдемон е уапсен врз основа на меѓународната потерница, што во петокот вечерта ја објави Врховниот суд на Шпанија, поради бунт и организација на референдум за независност на Каталонија. Според шпанскиот закон, доколку биде осуден, може да добие затворска казна до 30 години.


Слично

Поврзани вести