Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВИК ОД ХАМАС: Палестинскиот народ, арапскиот и исламскиот свет да протестираaт во сите градови

ПОВИК ОД ХАМАС: Палестинскиот народ, арапскиот и исламскиот свет да протестираaт во сите градови

Палестинската терористичка група Хамас повика на протести низ светот во петок за поддршка на Газа, пренесе ДПА. 

„Го повикуваме нашиот палестински народ и народот во арапскиот и исламскиот свет во петок да протестираат во сите градови“, рече денеска претставникот на Хамас во либанскиот главен град Бејрут.

Во координираните напади на Хамас врз Израел што ги почна од Газа, на 7 октомври, загинаа околу 1.400 лица, од кои огромното мнозинство беа цивили. Скоро 500 луѓе загинаа синоќа при напад на болницата во Газа. Хамас вели дека Израел стои зад нападот, а Израел тврди дека Хамас неуспешно лансирал ракета. 

Слично

Поврзани вести