Повеќето Британци иако имаат работа – живеат во сиромаштија
За прв пат во Велика Британија , домаќинствата чии членови работат, но сепак живеат во сиромаштија е поголем од бројот на домаќинствата кои живеат во сиромаштија и чии членови немаат работа.
Ако се земат во предвид информациите дека британскиот парламент планира да ги награди законодавците со 11 -процентно зголемување на платите , фондацијата Joseph Rowntree информира дека нешто повеќе од половина од 13-те милиони луѓе кои живеат во сиромаштија , или 6,7 милиони , живеат во семејство во кое барем еден возрасен работи .
Нивниот број е зголемен за половина милион во споредба со минатата година. Покрај тоа 6.3 милиони луѓе кои живеат во семејство во кое едниот возрасен или нема работа , или е пензионер , живеат во сиромаштија. За да се влезе во оваа група значи да се има приход до 220 фунти ( 360 долари ) неделно.
Во исто време парламентарниот надзорен орган Ipsa , кој ги координира платите на британските пратеници, планира солидно да ги зголеми платите на политичарите.
Во извештајот на фондацијата се вели дека луѓето поминале низ силно влошување на квалитетот на живот. Меѓу луѓето кои работат , бројот на оние чие плаќање е под т.н. " егзистенција минимум" , кој е 7.40 фунти на час , е зголемен од 4,6 милиони на 5 милиони во 2012 година .
Половина од семејствата кои живеат во сиромаштија имаат член кој добива под овој минимум. Во извештајот има и некои позитивни податоци . Сиромаштијата кај пензионерите е на најниско ниво последниве децении, а состојбата на пазарот на труд се подобрува и паѓа невработеноста.
Слично
