Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе случаи на Ковид-19 има во светот во последните две недели отколку во првите шест месеци од пандемијата

Повеќе случаи на Ковид-19 има во светот во последните две недели отколку во првите шест месеци од пандемијата

Во светот расте бројот на заразени со коронавирусот. Бројот на заразени скокна деветта недела по ред. 

Бројот на починати е поголем веќе шеста недела по ред, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО). 

„Повеќе случаи на Ковид-19 се пријавени ширум светот во последните две недели отколку во првите шест месеци од пандемијата. Во последните неколку недели, земјите во сите региони на СЗО покажаа постојан нагорен тренд на бројот на случаи на зараза и смртност. Не е време да се спушти гардот, дури и во земјите каде паѓаат бројките“, додаде тој.

Научниците изнесоа податоци за тоа колкав е реалниот број на починати од коронавирусот. 

Во светот  има околу 7 милиони починати, што е двојно повеќе од официјалните 3,24 милиони. 

Над 905.000 луѓе починале од Ковид-19 во САД, односно 57 проценти повеќе од официјалниот број.

foto freepik

Слично

Поврзани вести