Повеќе силни земјотреси ги погодија овие острови
Серија земјотреси, од кои најсилните со јачина од 6,2 и 5,7 степени според Рихтеровата скала, денеска ги „здрмаа“ индонезиските Молучки Острови.
Има извештаи за урнати куќи, вклучително и покривот на општинската зграда во Амбон, главниот град на провинцијата Малуку, но засега нема информации за загинати.
Земјотрес од вакви размери имаше во 2011 година.
Земјотреси денеска имаше во Грција, Италија, Франција, Швајцарија, Ерменија и други земји.
Слично
