Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе прекари за Ким при посетата во Кина - некои се навредливи

Повеќе прекари за Ким при посетата во Кина - некои се навредливи

Кинеската Влада го цензурирала името Ким Џонг Ун на севернокорејскиот лидер од интернет при неговата посета на Кина, па корисниците на интернет смислиле нов термин - најмногу доминирал „Дебелиот во возот“.

Ким минатата недела беше во посета на Пекинг, а сето тоа беше официјално потврдено дури откако лидерот ја напушти земјата. Додека тој престојуваше во Кина, секое употребување на „Ким Џонг Ун“ и „Северна Кореја“ биле забранети на интернет со цел посетата да се сокрие од јавноста.

За да ја заобиколат цензурата и да пишуваат за „ексклузивната“ прва посета на Ким Џонг Ун на една странска земја откако е на чело на Северна Кореја, луѓето во Кина на интернет користеле низа на прекари, од кои најмногу доминирал „Дебелиот во возот“.

На кинеската социјална мрежа „Веибо“, се цензурирани и веќе постоечките прекари на првиот човек на Северна Кореја, како што се „Буци-Буци“, „Дебелкото Трети“ и „Дебелиот Ким Трети“.

Сепак, кинеските медиуми откриваат дека имало и попристојни верзии на прекари на Ким Џонг Ун, како што биле „посетителот од североистокот“ и „братучедот од спротива“, пренесуваат кинеските медиуми.

Можно е Ким наскоро да ја посети Москва. Ваква информација соопшти Марија Захарова, портпаролката на руското МНР. 

Слично

Поврзани вести