Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ВО ЗАСОЛНИШТА: Петмина спасувачи загинаа на Филипините после тајфунот (ВИДЕО)

ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ВО ЗАСОЛНИШТА: Петмина спасувачи загинаа на Филипините после тајфунот (ВИДЕО)

Најмалку пет спасувачи загинаа во акција откако тајфунот Нора го погоди северниот дел на Филипините, предизвикувајќи поплави, прекин на електричната енергија, додека училиштата и владините канцеларии во главниот град Манила и провинциите беа затворени, објави Ројтерс.

Гувернерот на провинцијата Булакан, северно од Манила, изјави дека пет спасувачи загинале во чамец кога налетале на урнат ѕид додека се обидувале да ги спасат жителите од поплавената област.

Најсилниот тајфун што ги погоди Филипините оваа година доцна во неделата падна на копно во градот Бордо во провинцијата Кезон и слабееше додека минуваше низ регионот Лузон.


Во провинцијата Кезон, 17.000 луѓе беа сместени во засолништа за да се заштитат од поплави и лизгање на земјиштето.

Повеќе од 3.000 се во засолништа во Манила, која беше погодена од силни ветрови и дожд во текот на ноќта.


Повеќе од 20 бури и тајфуни ги погодуваат Филипините секоја година.


ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести