Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ЕУ ЗЕМЈИ ЗАЕДНО: Државата има скоро 80.000 терористи

ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ЕУ ЗЕМЈИ ЗАЕДНО: Државата има скоро 80.000 терористи

Eдна од европските земји има скоро 80.000 опасни граѓани. 

Се работи за Франција, земја која регистрирала над 78.000 луѓе кои претставуваат опасност по безбедноста на државата, во база на податоци, што ја користи европската полициска служба.

Франција на таа листа ставила повеќе имиња отколку сите други европски држави заедно.

Германскиот парламентарец Андреј Хунко укажа на оваа европска база на податоци во рамките на прашањето кое го постави на својот министер за внатрешни прашања за „дискретни проверки“ на граѓаните.

Во текот на 2017 година повеќе од 134.000 лица се означени како предмет на тајни меѓународни проверки поради стравот дека претставуваат безбедносна закана.

Шефот на француската разузнавачка служба на крајот на минатата година изјави дека се надгледуваат 4.000 осомничени екстремисти.

Во Франција имаше и повеќе напади, а последниот беше во Каркасон во јужна Франција каде беше убиен полицаец кој се замени со заложниците во еден маркет. 

Слично

Поврзани вести