Повеќе од милион милионери во Кина
Бројот на луѓе во континентална Кина чие богатство вреди повеќе од еден милион американски долари за една година се зголеми за 3,8% и изнесува повеќе од еден милион.
Тој број се зголеми и покрај антикорупциските мерки на Владата во Пекинг и програмата за штедење, се наведува во најновата студија на кинескиот магазин „Хурун Репорт“.
Бројот на екстремно богати, кои поседуваат богатство од најмалку 100 милиони јуани (16 милиони долари) во истиот период се зголемил за 3,7% на 67 илјади.
Пекинг е населен со најголем број богати Кинези, односно 192 милионерии 11.300 супер-богати, а следуваат јужната провинција Гуангдонг и Шангај, трговскиот центар на Кина.
За следните три години се предвидува бројот на милионери во американски долари да достигне 1,21 милиони, додека бројот на екстремно богати да се искачи на 73 илјади. Меѓу кинеските милионери доминираат бизнисмени, инвеститори на берзата и многу добро платени менаџери.
Кинеските власти кон крајот на 2012 година започнаа програма за штедење и кампања против корупцијата, кои силно го погодија пазарот на луксузна стока во Кина.
Слично
