ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ТРЕТИНА ОД АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА РИЗИКУВААТ НУКЛЕАРНА ВОЈНА: Анкетата на Пју покажува дека поддржуваат воена акција на САД
Повеќе од третина
од Американците се за воена акција на САД во Украина, дури и ако тоа е ризик за нуклеарна конфронтација
со Русија, покажува новото
истражување спроведено од Истражувачкиот центар Пју, пишува Newsweek.
Истражувањето покажа дека 35 отсто од Американците го поддржуваат преземањето воена акција на САД „дури и ако ризикуваат нуклеарен конфликт со Русија“, додека 62 отсто се против идејата.
Истражувањето на Центарот за истражување Пју покажа дека сличен број на републиканци и демократи се за воена акција на САД, при што 36 од републиканците и 35 проценти од демократите ја поддржуваат.
Истражувачкиот центар Пју, исто така, покажува и широка двопартиска поддршка за тоа како САД соработуваат со меѓународните сојузници за да одговорат на руската инвазија бидејќи 73 отсто од испитаниците во категоријата републиканци и 85 отсто во категоријата демократи се изјасниле дека тоа е вистинскиот пристап.
Истражувањето било спроведено од 7 до 13 март на примерок од 10.441 возрасни американски државјанин кои се дел од американскиот панел за трендови на истражувачкиот центар.
