Повеќе од 90 луѓе загинаа во разорниот земјотрес во Мексико
Над 90 лица загинале во силниот земјотрес кој го погоди Мексико деновиве.
„Бројот на загинати ја надмина бројката од 90, од кои 71 во државата Оахака, 15 во државата Чијапас и четири во државата Табаско“- се наведува во соопштението на мексиканската цивилна заштита.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 8.2 степени бил близу до границата меѓу Мексико и Гватемала, на длабочина од 35 километри.
Поради земјотресот, беше прогласена и тревога за цунами, но таа подоцна беше укината.
Најсилниот земјотрес кој го погодил Мексико во последните 100 години е почувствуван и во главниот град, каде жителите ги напуштиле своите домови поради страв од уривање на зградите.
Слично
