ПОВЕЌЕ ОД 30 АВИОНИ БИЛЕ ПРЕНАСОЧЕНИ КОН КИПАРСКИ АЕРОДРОМИ: Крајна дестинација им бил Израел
Аеродромите во Ларнака и во Пафос на Кипар вчер до 11 часот претпладнто добиле барања за пренасочувања на вкупно 32 авиони, чија крајна дестинација бил Израел или други соседни аеродроми, информираа од компанијата „Hermes Airports“ која управува со кипарските аеродроми.
Поконкретно 23 авиони биле пренасочени кон Ларнака, девет кон Пафос.
Истовремено, од компанијата информираадека биле откажани 15 летови од и кон аеродромот во Ларнака и еден за аеродромот Пафос и се очекува сите летови до и од Израел да бидат откажани.
фото: Unsplash
Слично
