Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЕЌЕ ОД 2000 ЖРТВИ: Хаити се бори со најголемите последици по земјотресот и поплавите

ПОВЕЌЕ ОД 2000 ЖРТВИ: Хаити се бори со најголемите последици по земјотресот и поплавите

На Хаити итно му треба медицински персонал, опрема и логистичка поддршка од меѓународната заедница, изјави денеска шефот на Пан -американската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен, бидејќи земјата беше погодена од разорен земјотрес и временските непогоди.

Етиен на виртуелниот состанок рече дека голем број болници во три региони се оштетени или целосно уништени и дека кампањата за вакцинација против Ковид-19 е во застој, пренесува Ројтерс.

„Нашето срце им припаѓа на жителите на Хаити, правиме сѐ што можеме за да помогнеме во овие тешки времиња“, рече Етиен.

Хаити минатата сабота беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени, со епицентар на 125 километри западно од главниот град Порт-о-Пренс, во кој загинаа речиси 2.000 луѓе, а над 9.000 беа повредени. По земјотресот, тропна бурата Грејс.

Обединетите нации соопштија дека издвоиле 8 милиони американски долари за итна помош за основна здравствена заштита, вода за пиење, итни засолништа и основни санитарни услови за сите оние кои се изложени на ризик на Хаити.

ПОВЕЌЕ ОД 2000 ЖРТВИ

Локалните власти пак утринава соопштија дека бројот на загинати во разорниот земјотрес е искачен на 2189. Поплавите и обилните дождови претходните денови ги забавија напорите на спасувачите да пронајдат преживеани и да им помогнат на бездомниците со храна и вода.  Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Хаити во саботата.


Foto Tanjug/AP

Слично

Поврзани вести