„ПОВЕЌЕ ОД 1.000 УКРАИНСКИ МАРИНЦИ СЕ ПРЕДАДОА“: Кадиров тврди-отпорот е бескорисен
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров сподели информација на
социјалните мрежи дека повеќе од илјада украински маринци наводно се предале во
Мариупол.
Рамзан Кадиров изјави дека украинската војска била поразена затоа што Русите извојувале победас. Тој нагласи дека Украинците не знаат што да прават со ранетите, не знаат каде треба да одат и што понатаму. „Отпорот е бескорисен, а практично немаат борбени сили“.
Тој додаде дека се борат мал број групи кои „поради некоја причина се плашат да излезат со бело знаме кон руските војници“. Меѓу нив има стотици повредени. Предавањето е вистинскиот избор“, напиша Кадиров на Телеграм.
„Во редовите на војниците на Азов во моментов има околу двесте повредени кои не можат да добијат лекарска помош. За нив и за сите други би било подобро да го прекинат овој бесмислен конфликт и да се вратат кај своите семејства“, напиша тој.
Кадиров им се заблагодарува на Украинците кои се предадле и нагласува дека руските трупи ќе продолжат да го „ослободуваат Мариупол“ до крај.
„Апелирам до оние кои се уште се во подрумите и тунелите, знаете дека кон затворениците се однесуваме хумано. Излезете! Мислете на вашето семејство и на семејствата на другите, како што направија повеќе од илјада маринци денес“, пишува Кадиров.
