Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЕЌЕ КАЛ И МАЛКУ ЦЕМЕНТ: Некои објекти во Турција воопшто немале проект

ПОВЕЌЕ КАЛ И МАЛКУ ЦЕМЕНТ: Некои објекти во Турција воопшто немале проект

Kал и малку цемент имало во градбите во Турција кои се урнаа како кули од карти, при силниот земјотрес од 7.8 степени. 

Во градот Дијарбакир, земени се примероци од урнатите згради. Утврдено е дека во мострите има кал, а количината на цемент е многу мала. Во рамките на истрагата на Главното јавно обвинителство во Дијарбакир, земени се примероци од остатоците од станбената зграда Јолдас во областа Баглар. Цврстината на бетонот е многу мала, а процентот на цемент е низок. Употребен бил лош материјал. Имало и објекти без проект. Граѓаните треба да добијат точни информации за куќата или станот што го купуваат и во кој треба да живеат. Околу 42.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари.

Слично

Поврзани вести