Повеќето Германци сакаат Грција да ја напушти еврозоната
Мнозинството граѓани на Германија вкупно 52% од нив се согласуваат за излегување на Грција од еврозоната - овој резултат е објавен денеска од социолошка анкета извршена од телевизискиот канал „Зе Де Еф“.
На спротивното мислење се искажале 40% од испитаниците, а 8% се воздржани од одговор. Со тоа се следи трендот на постојано ниско разбирање од страна на Германците според политиката на грчкиот премиер Алексис Ципрас. А само пред еден месец ситуацијата беше сосема друга - за останување на Атина во еврозоната се изјаснија 52% од анкетираните Германци, а на спротивното мислење беа 41% од нив.
Во анкетата учествувале 1.200 лица.
Слично
