Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од половина матуранти во Хрватска не знаат кој им е премиер

Повеќе од половина матуранти во Хрватска не знаат кој им е премиер

На истражувањето спроведено низ хрватски училишта, матурантите покажале поразителни резултати и политичка неписменост.

Дури 73 отсто од матурантите не знаеле кој е премиер на Хрватска, иако имале четири понудени одговори.

На истражувањето „Политичката писменост на учениците од завршна година на средните училишта во Хрватска“ учествувале 1146 испитаници.

Половина од нив сметаат дека хомосексуалноста е болест, а 40 отсто веруваат дека само католиците се ,,вистински Хрвати".

Четириесет отсто од испитаниците, се противат на какво било гонење на хрватските воени ветерани за злосторства направени за време на војната во оваа земја во 90-те години.

Истражувањето опфаќа 19 прашања во три области, политички поими, уставно-политичко уредување и политичка информираност.

Најголем степен на толеранција хрватските средношколци покажале кога станува збор за раса, вера или нација.

Слично

Поврзани вести