Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од половина Германци се чувствуваат како странци во Германија

Повеќе од половина Германци се чувствуваат како странци во Германија

Радикалните ставови во германското општество продолжуваат да се промовираат.

За тоа сведочи зголемениот отпор кон муслиманите, мигрантите и Ромите кои бараат азил и хомосексуалците, покажува истражувањето на Универзитетот во Лајпциг, цитирано од весникот „Bild".

Во десните радикални кругови подготвеноста за насилство расте.

Над 50% од учесниците во анкетата признале дека со оглед на големиот број муслимани во Германија, често се чувствуваат како странци во сопствената држава. Во 2014 година сличен одговор дале 43% од испитаниците, пренесува „Фокус".

Во однос на хомосексуалците 40,1% од Германците одговараат дека ги доживуваат како "одвратни".  За споредба, во 2011 година само 25,3% од граѓаните ги гледале на сличен начин истополовите парови меѓу нив.

Цели 10,6% од испитаниците би сакале Германија да биде управувана од политичар кој ќе дејствува во името на сите граѓани. Повеќе од 35% пак повикуваат на посилно национално чувство.

Позитивен аспект од истражувањето е дека мнозинството од Германците сепак го отфрлаат насилството и десниот екстремизам.

Слично

Поврзани вести