Повеќе од милион Британци сакаат втор референдум
Британските приврзаници на евроинтеграцијата собраа над еден милион потписи и ги повикуваат пратениците да ја разгледаат можноста за нов референдум за членството на Велика Британија во ЕУ, пренесе Франс прес.
За разгледување на петицијата во парламентот се потребни 100 000 потписи. Во петицијата, иницирана од Вилијам Оливер Хили, се вели:
"Ние долу потпишаните сакаме владата да го примени правилото дека ако поддршката за заминувањето или останувањето е помалку од 60%, при одѕив помалку од 75%, треба да има нов референдум ".
Британскиот премиер, Дејвин Камерон кој треба да се повлече од функцијата предупреди дека нема да биде спроведен втор референдум.
Во меѓувреме, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, денеска од Берлин порача дека Унијата има успех во одржување на мирот и стабилноста на континентот поради што основачите нема да се откажат од проектот кој донесе најдолг период на мир во историјата на Европа.
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Холандија, Италија, Белгија и на Луксембург, денеска разговараат за „актуелните европски политички прашања“, и последиците по ЕУ од референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ.
