Повеќе од 800 руски државјани војуваат во редовите на ИД
Еден висок руски дипломат истакнал дека повеќе од 800 државјани на Русија се борат во рамки на силите на екстремистичката војска на Исламската држава.
Илија Рогачев кој е на чело на Одделението на Министерството за надворешни работи за современи предизвици и закани, рекол за радио „Ехо Москва“ дека на екстремистичката војска и се придружиле борци од Чеченија и други региони во Русија кои се наоѓаат на нестабилниот северен Кавказ.
Тој рекол дека тешко е да се утврди бројот на државјани од Русија кои се дел од силите на Исламската држава бидејќи меѓу нив има и чеченски бегалци кои претходно престојувале во Европа, како и поголем број Чеченци од Грузија.
Чеченија која помина низ две разорни сепаратистички војни, донекаде се стабилизира, но исламистичките побуни зафатија и други покраини на Северен Кавказ.
Слично
