Повеќе од 50 антимуслимански инциденти во Франција после терористичкиот напад на „Шарли Ебдо“
Од минатонеделниот напад на редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ и драмата со заложниците во еврејскиот супермаркет во Париз, се регистрирани повеќе од 50 антимуслимански инциденти во Франција , соопштила муслиманската заедница на таа земја.
Меѓу овие инциденти регистрирани се 21 пукање или фрлање на некој вид експлозивни направи на исламски објекти, како и 33 закани, соопштил портпаролот на надзорното тело на Централниот совет на муслиманите во Франција, пренесува АФП.
Во нападите на исламистичките терористи минатата недела во Франција се убиени 17 лица.
Слично
