Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 200 илјади лица протестираат во Франција

Повеќе од 200 илјади лица протестираат во Франција
Повеќе од 200 илјади лица се собраа ширум Франција на протестни собири во повеќе француски градови, по трите дена терор и двете опсади во кои загинаа 17 лица. Според прелиминарните податоци полицијата и известувачите на агенцијата „АФП“ од лице место, во Тулуз се собрале околу 80 илјади лица, во градот По на југозапад во земјата 40 илјади луѓе, Во Нант 30 илјади, во Ница 23 илјади, во Орлеан во централна Франција 22 илјади, како и 20 илјади во градот Басанк на истокот во земјата. Француските власти денес во Париз распоредиле повеќе стотици војници, подигнувајќи го нивото на безбедност пред протестните собири најавени за утре, на кои според проценките би можело да учествуваат и еден милион луѓе. Денешните собири се само вовед на утрешниот голем протест за национално единство на кој ќе присуствува и францускиот пртседател, Франсоа Оланд како и поголем број светски лидери, навела француската агенција. Министерството за одбрана соопштило дека испраќа дополнителни 500 војници на широкото подрачје на Париз, со што нивниот вкупен број сега изнесува 1350 војници.  
Слично

Поврзани вести