Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 1.300 мигранти спасени од давење во Средоземно Море

Повеќе од 1.300 мигранти спасени од давење во Средоземно Море

Повеќе од 1.300 мигранти се спасени вчера во Сицилијанскиот проток, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Италија стана главна влезна точка за мигрантите од Блискиот Исток, Азија и Африка, кои се обидуваат да стигнат преку Средоземното Море во Европа.

Вкупно 1.348 лица се спасени во 11 одделни операции вчера со учество на италијанската крајбрежна стража, европската военопоморска мисија во Средоземното Море, невладината организација „Мос“ со седиште во Малта и приватен реморкер.

Според податоци на Меѓународната организација за миграција, околу 48.ооо мигранти пристигнале во Италија од почетокот на годинава.  Ова е за 10% помалку во однос со претходната година.

Во четврток на 15 пловила се спасени 2000 мигранти да не се удават.

Слично

Поврзани вести