Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТВРДЕНО: Вирусот зика се пренесува по полов пат!

ПОТВРДЕНО: Вирусот зика се пренесува по полов пат!

Официјално се потврди дека вирусот зика се пренесува по полов пат, откако лекарите од Далас потврдија за два такви случаи во Далас.

До овој момент имаше податоци дека инфекцијата може да се пренесува преку сексуален контакт, но не беше докажано.

Едниот од болните се заразил по полов контакт со друг човек, кој претходно бил во Венецуела, соопштија од Центарот за контрола и превенција на болестите во САД.

И во двата случаи се испитувани примероци од сперма, а резултатите од нив се позитивни. Сеуште не е откриена вакцина против болеста, потсетуваат од Светската здравствена организација.

Најдобрата превенција засега е да се избегнуваат местата каде што живеат комарци, кои се носители на заразата.

Голем број земји излегоа со мерки против ширењето на Зика.

Во моментов, инфекцијата се шири во повеќе од 20 земји, главно во Северна и Јужна Америка.

Најмногу заразени со вирусот има во Бразил, каде што од октомври до моментов се разболени над 4 илјади луѓе.

Во меѓувреме стана јасно дека бројот на новороденчиња со малформации таму се зголеми драстично.

Само за 7 дена се регистрирани 404 случаи на микроцефалија, во споредба со 270 случаи пред една недела, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Се смета дека вирусот Зика е причина за овие малформации кај новороденчињата. Во многу случаи, болните бебиња умираат или заостануваат во менталниот развој.

Од октомври досега во Германија се потврдени 5 случаи на луѓе кои се носители на заразата.

Слично

Поврзани вести