Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТВРДЕНО: Исламската држава стои зад масакрот во Истанбул

ПОТВРДЕНО: Исламската држава стои зад масакрот во Истанбул

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу на попладневната пресконференција, соопшти дека бомбашот самоубиец, кој утрово се разнесе и уби десет луѓе во Истанбул е припадник на Исламската држава.

„Убиецот е припадник на ИСИС. Турција е одлучна во борбата против терористите, се додека тие не престанат да бидат опасност за нас и остатокот на светот” – соопшти Давутоглу.

Претходно, потпретседателот на турската влада Нуман Куртулмус, соопшти дека Турција го знае идентитетот на бомбашот-самоубиец и дека се работи за 28-годишен Сириец.

Инаку, бомбашкиот напад се случи утрово, одкако сириецот се разнесе меѓу група на странски туристи, во областа Султанахмет во близина на Сината џамија.

Според последните податови, сите настрадани се странски државјани, oд кои девет биле Германци. Повредени се и над 15 лица, меѓу кои исто така најголем дел биле со германско потекло.

Слично

Поврзани вести