Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТВРДЕНО-ИМА ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО БОМБАРДИРАЊЕТО НА УЧИЛИШТЕТО: „Стравуваме дека има уште 60 жртви“

ПОТВРДЕНО-ИМА ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО БОМБАРДИРАЊЕТО НА УЧИЛИШТЕТО: „Стравуваме дека има уште 60 жртви“

Две лица загинаа, а се стравува дека уште 60 загинале во руското бомбардирање на училиште во Билохоривка во источна Украина, соопштија локалните власти, јавува денеска Би-би-си.

Гувернерот на Луганската област Сергиј Гајдај изјави дека руски авион фрлил бомба врз училиштето во Билохоривка, каде владините сили се борат против руските војници и проруските сепаратисти.

Тој потврди два смртни случаи и рече дека стравува дека уште 60 луѓе се под урнатините на училиштето.

Во моментот на нападот во училишната зграда имало околу 90 луѓе, од кои 30 се спасени, а седум се повредени, изјави гувернерот.

Украинското министерство за надворешни работи оценува дека ова е уште едно брутално злосторство и тоа тому пред Денот на сеќавањето и помирувањето.


Слично

Поврзани вести