Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потврдено: Депардје си зема пасош и тоа руски!

Потврдено: Депардје си зема пасош и тоа руски!

Откак францускиот актер Жерар Депардје вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, му беше врачен рускиот пасош.

„Имаа вчера краток состанок во резиденцијата на Путин во Сочи“, истакна портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков кој потврди дека актерот го добил пасошот.

Инаку пред неколку дена лично Путин му одобри на Депардје руско државјанство, кое актерот го побара кон крајот на минатиот месец во знак на протест поради нападите на кои бил изложен во јавноста поради данокот за богатите.

Француската јавност остро реагираше на најавата на Депардје дека ќе замине од Франција за да го избегне плаќањето на високиот данок за богати кој изнесува 75% за годишни приходи над милион евра.

 
Слично

Поврзани вести