Кина очекува економски раст од 7,5% годинава
Кинеската Влада годинава ќе се фокусира на поддршка и на здрав развој на економијата, изјави кинескиот премиер Вен Џиабао на првата сесија на 12-то Генералното собрание на народните претставници.
Тој истакна дека ќе се развива производствената структура, ќе се стимулира интеграција на градското со селското населени. Како резултат на тоа се очекува кинеската економија годинава да порасне за 7,5%
„Треба да продолжиме да ги усовршуваме механизмите за формирање на социјалистичка економија, да ги продолжиме реформите во државните институции, да се реформира финансиско банкарскиот систем, да се прошири употребата на јуанот во трансграничните плаќања“, посочи Вен.
Слично
