Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потрошувачките цени во Јапонија конечно пораснаа

Потрошувачките цени во Јапонија конечно пораснаа
За прв пат по 14 месеци дефлација, пораснаа потрошувачките цени во Јапонија, информираа од надлежното министерство. Основниот индекс на потрошувачките цени, во кој не влегуваат цените на храната, во јуни месец пораснале за 0.4 % на годишно ниво. Тоа е најбрз раст на јапонските потрошувачки цени од ноември 2008-та година. Аналитичарите очекуваа раст на потрошувачката цена за 0.3 проценти, по нивната стагнација во мај месец. Главната причина за растот на цената е поскапувањето на електричната енергија и бензинот, а не на зголемата побарувачка на потрошувачите. Не сметајќи ги енергенсите, не постои нагорен тренд на цените, велат аналитичарите. Дури кога ќе почнат да се зголемуваат платите ќе може да се говори за јасен тренд.      
Слично

Поврзани вести