Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потресна снимка од Русија: Деца се кријат под клупи за време на пукањето (ВИДЕО)

Потресна снимка од Русија: Деца се кријат под клупи за време на пукањето (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица загинаа, а 20 се ранети кога вооружен маж упадна во училиште во Русија и почна да пука.

Според некои информации, меѓу жртвите има и пет деца, а напаѓачот за време на нападот убил и двајца чувари и двајца учители во училиштето. Убиецот се самоубил по крвавиот пир.


Учениците и персоналот биле евакуирани за време на нападот во училиштето број 88 во Ижевск, а некои ученици се сокриле во училниците.

Така, на социјалната мрежа Телеграм се појави видео од ученици кои се кријат под клупи, пренесува „Раша тудеј“.

Како што соопштија надлежните, во тек е истрага која треба да ја открие позадината на овој инцидент.



Слично

Поврзани вести