ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА НА ПРЕЖИВЕАНИ ОД МЕТРОТО: Се беше покриено со крв
Преживеаните од нападот во метрото во Санкт Петербург кој го изврши бомбаш самоубиец Киргистанец, а во кој загинаа 14 лица, имаат трауматични искуства.
Владимир Закарченко, 20 годишен фудбалер и студент рече дека во почеток не сфатил за што се работи кога одекнала експлозија во вагонот.
„Седев во аголот до вратата и видов луѓе кои бегаа во најодалечениот дел и сфатив дека експлозијата била во предниот дел на вагонот“ - раскажува тој.
Се сеќава на деформирани врати, повредени луѓе и самиот во тој момент почнал да паничи.
Возот и понатаму возел кон станицата, а кога застанал луѓето ги кршеле прозорците и бегале преку нив.
„Се тресев. Сите беа покриени со крв“ - додава студентот.
Друга жена која била во вагонот раскажува дека почувствувала остар мирис на хемикалии во вагонот. Прво имало светло, а потоа настапил мрак во вагонот.
Младо момче по име Заур вели дека 10 секунди по експлозијата сите луѓе биле на подот.
Покрај 14 жртви, во нападот имаше и 40 повредени луѓе.
