Потрес со јачина од 7.3 степени ја погоди Јапонија
Земјотрес со јачина од 7.3 степени го погоди источниот брег на Јапонија.
Властите издадоа предупредување за цунами, пренесоа светските агенции.
Според јапонската метеоролошка агенција потресот е регистриран во 5 часот и 59 минути.
ТАСС соопшти дека 3-метарски бран цунами се движи кон јапонската префектура Фукушима по земјотресот.
Упатен е повик до локалните жители веднаш да го напуштат крајбрежјето.
Геофизичкиот институт на САД соопшти дека земјотресот со интензитет од 7.3 степени е регистриран на 67 километри североисточно од префектурата Фукушима, на длабочина од 10 километри.
Слично
