Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОТРЕБНО НИ Е ЧУДО“: Маркус Зедер предупредува - Германците повторно мора да работат повеќе

„ПОТРЕБНО НИ Е ЧУДО“: Маркус Зедер предупредува - Германците повторно мора да работат повеќе

Германците треба повторно да работат повеќе бидејќи германската економија бележи лоши резултати, смета баварскиот премиер Маркус Зедер, нагласувајќи дека другите земји станале економски поуспешни.

„Во Грција, на пример, сега има шестдневна недела, додека ние зборуваме за четиридневна недела. Така нема да ги достигнеме. Мораме повторно да работиме повеќе, но треба повеќе да се исплати“, изјави Зедер за Билд.

Според некои податоци, германската економија ја губи конкурентноста, а Зедер смета дека овие податоци се предупредувачки сигнал.

Според лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), актуелната влада нема стратегија за решавање на економските проблеми.

„Помал просперитет значи опасност за стабилноста на Германија, смета Зедер, особено ако се земе предвид зголемената популарност на десничарската Алтернатива за Германија на истокот на земјата.

На нашата земја и треба економско чудо“, заклучи Зедер.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести