ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ ОТЕЖНАТА - спасувачките екипи се „борат“ со непристапниот терен на Алјаска
Во патничкиот авион има вкупно девет патници и пилот.
Властите трагаат по патничкиот авион на Беринг Ер со 10 лица, кој исчезна за време на летот од градот Јуналаклита до Номе, Алјаска, соопшти во четвртокот државната агенција за јавна безбедност.
Малиот патнички авион „Cessna Caravan“ превезувал девет патници и еден пилот, објави агенцијата на својата веб-страница, додавајќи дека се прават сите можни напори за да се утврдат неговите последни познати координати.
Според Националниот институт за безбедност и здравје на американската влада, Алјаска има несразмерно висок број на несреќи со мали авиони на кратки дестинации во споредба со другите американски држави.
Алјаска има планински терен и неповолни временски услови. Многу места не се поврзани со патишта, па се користат мали авиони за превоз на луѓе и стоки.
Беринг Ер е регионална авиокомпанија со седиште во Алјаска која оперира со околу 39 авиони и хеликоптери, според веб-страницата за следење летови FlightRadar24.
Неговата последна позиција над водата ја добиле уредите за следење FlightRadar24, 38 минути по полетувањето од Јуналаклита во четвртокот во 14:38 часот по локално време, на лет кој обично трае помалку од еден час.
Breaking news: Another flight has been lost in the United States, and the Bering Airlines flight carrying 10 people has disappeared from radar near Nome, Alaska. pic.twitter.com/9RI4gk3sc1
— CN Gbear (@CNAac010) February 7, 2025
Фото: Принтскрин/Х
