Потрага по соборениот член на екипажот на американскиот авион: Иран нуди награда за заробување на пилотот
Американските сили ја продолжија потрагата по исчезнатиот член на американскиот екипаж откако вчера беше соборен борбен авион Ф-15 во јужен Иран. Иранските власти нудат награди од околу 66.100 долари за граѓаните кои ќе помогнат во заробувањето на исчезнатиот пилот, објавија државните медиуми, објави Би-Би-Си.
Иран, исто така, тврди дека соборил американски авион А-10 Warthog кој бил дел од мисијата за пребарување и спасување на првиот соборен авион, чиј пилот успеал да избега.
Пилотот на Warthog, исто така, се катапултирал над Заливот и подоцна бил спасен, објави Си-Би-Ес.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, не даде официјална изјава за двата американски авиони за кои се тврди дека биле соборени.
Белата куќа издаде соопштение во кое се вели дека „претседателот е информиран“.
САД претходно соопштија дека 365 воени лица се ранети во акција од почетокот на американско-израелската војна со Иран.
Фото: Принтскрин/Икс