Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потрага по патници кои патувале со заразена од ебола!

Потрага по патници кои патувале со заразена од ебола!
Американските здравствени власти упатија повик до патниците кои патувале во ист авион со болничарката од Тексас за која се потврди дека е заразена со ебола веднаш да се пријават за здравствена контрола. Вкупно 132 патници летале во понеделникот со авионот на авиокомпанијата Фронтир ерлајнс на линијата 1143 од Кливленд до Далас, без да знаат дека заедно со нив патува и болничарката со симптоми на ебола. Таа учествувала во лекувањето на мажот од Либерија, кој минатата недела почина од ебола во болницата во Далас, Тексас. Екипажот на авионот рекол дека медицинската сестра не покажувала симптоми на ебола во текот на патувањето. Меѓутоа, веќе следното утро таа добила висока температура и била позитивно тестирана за опасниот вирус. Пациентите заразени со ебола се смета дека не се заразни додека не развијат симптоми на болеста. Центарот за контрола и превенција на болести во САД сепак бара од патниците да се јават за да ги поминат здравствените контроли и да се избегне секаков ризик.
Слично

Поврзани вести